Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учество на младите во процесите на донесување на одлуки во образовниот процес 

Учество на младите во процесите на донесување на одлуки во образовниот процес 

Коалиција на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Застапување на младинска акција за учество во училиштата“,од 19 – 22 ноември 2015 година, во Хотел “Бисер” - Струга, организира Национална конференција за учество на младите во процесите на донесување на одлуки во образовниот процес во насока на обезбедување на структурен дијалог помеѓу младите и донесувачите на одлуки. Конференцијата ќе ја отворат г-дин Марјан Спасески, Директор на Агенција за млади и спорт на Р. Македонија, и г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Целта на проектот е да се иницира структурирано учество на младите ученици и младинските организации преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки за да овозможат правни можности за учество во образовните процеси. По завршување на конференцијата и донесување на препораките, следен чекор во процесот е покренување на иницијатива за измени и дополнувања во законот за средно образование, која треба да ги опфати сите засегнати страни на национално ниво. За потребите на иницијативата, Коалиција СЕГА воспостави соработка со Младински Образовен Форум и Првата Детска Амбасада Меѓаши. Во предвидената методологија за процесот за покренување на иницијатива за измени и дополнувања во законот за средно образование, беа реализирани 32 локални дискусии на кои учествуваа ученици, училишен менаџмент, родители, претставници на младински организации и локални донесувачи на одлуки. Иницијативата е поддржана преку проектот од Детската Фондација Песталоци и Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност со проектот “Застапување за младинска акција за учество во училиштата”, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог).

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р. Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 28 членки.

Слично

Поврзани вести