Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учениците од меѓународното училиште НОВА раскажаа хуманитарна „Шеќерна приказна“

Учениците од меѓународното училиште НОВА раскажаа хуманитарна „Шеќерна приказна“

Шумски птици, џуџиња, глувчиња и малечки бубачки во петокот (11 декември) танцуваа и глумеа на сцената во Македонската опера и балет на завршната зимска претстава на меѓународното училиште НОВА. Севкупната актерка екипа беше составена од околу 300 ученици од градинката и основното во оваа образовна институција, а беше поставена „Шеќерна приказна“ по текст на Славко Јаневски. Сторијата за шеќерното дете кое трага по слобода, но и по славејчето чија песна шири среќа, беше раскажана со голем број на танцови точки на познати композиции како и актерски делови.

Shekjerna prikazna 2

По претставата се одржа и коктел на кој, покрај родителите на учениците во НОВА, присуствуваа и претставници на дипломатската заедница во Македонија меѓу кои и американскиот амбасадор, Џес Бејли. Во фоајето на МОБ беше поставен и штанд на кој се продаваа божиќни декорации направени од децата во оваа образовна институција, а севкупниот приход ќе биде искористен да се купат апарати за домаќинство за СОС детското село.

Shekjerna prikazna 3

- Се обидуваме речиси на сите наши настани да им дадеме добротворна димензија со цел на нашите ученици да им го потенцираме значењето на помагањето на другите. Идејата е од нашето училиште да излезат личности кои ја вреднуваат хуманоста и таа да стане составен дел од нивното секојдневие и на тој начин чекор по чекор да го прават овој свет подобро место за живеење – накратко истакнуваат од НОВА.

Shekjerna prikazna 4

Со оглед дека во претставата играат околу 300 ученици, во реализацијата на „Шеќерна приказна“ беа вклучени сите учители во градинката и во основното, голем број на вработени во училиштето кои помогнаа особено во делот на изработка на сценографијата и костимите. Станува збор за традиционален проект и досега ученици во НОВА ги имаат поставено и Frozen, „Ромео и Јулија“, „Брилијантин“ итн.

Shekjerna prikazna

Слично

Поврзани вести