Економија, финансии, бизнис

Контакт

Учениците од Источниот регион ќе се вклучуваат во иновативни проекти преку ,,Предизвик за млади истражувачи’’

Учениците од Источниот регион ќе се вклучуваат во иновативни проекти преку ,,Предизвик за млади истражувачи’’

Новиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, што се работи во соработка со Министерството за образование - ,,Предизвик за млади истражувачи’’ беше претставен денес во преполната сала во општинската зграда во Штип.

Заинтересираните професори од средните училишта и наставниците од Штип и околните општините Кочани, Пробиштип, Св. Николе, Карбинци, Чешиново-Облешево и Зрновци беа запознаени за деталите на овој пилот проект на двете државни институции. Имено, повикот кој официјално започна на 30 ноември и ќе трае до 15 февруари, се однесува на проекти од природните и техничките науки, а активностите треба да соодветствуваат со наставните програми. Тимовите што ќе работат на истражувачките проекти може да бидат составени од 3 до 7 ученика, и од максимум два наставника, а самите активности не смеат да надмина повеќе од 6 месеци.

Присутните покажаа особен интерес за повикот бидејќи нуди можност за награда за најуспешните апликации во висина од 300,000 денари, а опремата што би се набавила со финансиите останува во училиштето. Исто така, награди се во висина од 30,000 денари се предвидени и за најсупешните наставници, односно професори.

Слично

Поврзани вести