Економија, финансии, бизнис

Контакт

Убијте го стресот за помалку од една минута

Убијте го стресот за помалку од една минута
Сите имаме лоши денови. Лош ден на работа, расипан компјутер, поскапен бензин, повисоки цени и така натаму... Сите оние мали но и поголеми ситуации кои секојдневно ни се случуваат, предизвикуваат стрес, а телото не разликува мал од голем стрес. Еве неколку совети како да се ослободите од стресот на начини за кои не е потребно повеќе од минута. Смејте се Поедноставно не може да биде. Научно е докажано дека смеењето брзо го подобрува расположението, а гласното смеење дури е и добро за срцето. Разиграјте се Пуштете некоја весела песна, разиграјте се како да е тоа последен ден. Никој не ве гледа, нема од што да се срамите и плашите да уживате во музиката на свој начин. Арома на портокал или лаванда  Докажано е дека мирисот на портокал го поправа расположението, а истото важи и за лавандата. Џвакајте гума за џвакање Оваа активност е добра за непцата, но освен тоа и ве опушта и ја намалува напнатоста и стресот. Замислете дека сте најдобри Науката вели дека ако се замислиме дека сме најдобри на светот, дека сме мирни, опуштени, полни самодоверба и без грижи, ќе бидеме посреќни, дури и кога сме многу далеку од тоа да бидеме баш такви. Опкружете се со зелено  Психолозите велат дека зелената боја симболизира среќа и дека може да предизвика такви чувства. Облечете зелен џемпер, земете зелено пенкало, погледнете кон зелените цвеќиња... Запалете свеќа За ова веројатно веќе знаете – пламенот може да го согори стресот и да ви помогне да се чувствувате подобро. Изедете коцка чоколадо Многу пати е докажано дека само еден ред чоколадо (она побогато со какао) може да ве направи среќни. Не верувате? Пробајте!
Слично

Поврзани вести