Убава вест за српските пензионери: Додаток од 5 отсто за најниските пензии
Владата на Србија вчера усвои уредба со која се овозможува пензионерите со најниски приходи да добиваат додаток на пензијата од пет отсто со редовниот месечен чек се до ноември 2019 година.
- На корисниците на старосна, предвремена старосна, инвалидска и семејна пензија чија пензија од месец декември 2018 година заклучно со ноември 2019 година изнесува до 34.003,90 динари, ќе им се исплатува паричен износ како зголемување, покрај пензијата- пишува во уредбата објавена на сајтот на српската Влада.
Овој паричен износ ќе се исплатува месечно со пензијата од декември оваа година заклучно со ноември 2019 година и ќе се искажува посебно во пензискиот чек.
-Паричниот износ за зголемување на пензијата ќе биде 5 отсто од висината на пензијата на корисникот- се наведува во уредбата.
