Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсени петмина прилепчани и еден Бугарин, со лажни картички украле над два милиона денари

Уапсени петмина прилепчани и еден Бугарин, со лажни картички украле над два милиона денари
Со лажни картички кои сами ги правеле, петмина прилепчани и еден Бугарин успеале да украдат над два милиона денари. Во полициската акција насловена „Винкор“ полицијата вчера ги уапси осомничените кои според информациите, од декември лани откако незаконски набавиле уреди за снимање банкарски податоци - скимери, украле голем број банкарски податоци од платежни картички на граѓаните .
Скимер уредите на банкомати од брендот „Wincor“ 19 пати ги монтирале на домашни банки од Скопје, Прилеп, Неготино, Битола и Охрид. Притоа биле собрани податоци од 829 платежни картички, а направиле 475 успешни нелегални трансакции и 574 неуспешни. Како што информираат од МВР, со фалсификуваните платежни картички се вршеле нелегални трансакции на банкомати и на продажни места во други земји од регионот, како Бугарија и Србија, но и во земји како Малезија, Перу. Има и неколку случаи кога податоците на украдените платежни картички биле продавани по Интернет. Полицијата запленила четири скимери, уред за фалсификување кредитни картички, 55 фалсификувани платежни картички и друга опрема за правење и подготовка на скимери. Дел од уапсените и се познати на полицијата, бидејќи и претходно биле уапсени за фалсификување картички.
Слично

Поврзани вести