Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВ Алфа со најголема заработка од партиските реклами

ТВ Алфа со најголема заработка од партиските реклами
Во текот на предизборната кампања ТВ Алфа заработила вкупно 191 илјади евра од рекламирањето на партиите. Второто место ѝ припаѓа на ТВ Алсат со заработени 156 илјади евра, а на третото место е ТВ Канал 5 со заработка помала од 100 илјади евра. Податоците на Транспаренси Интернешнл говорат дека Сител заработил 89 илјади евра, додека по неа следуваат телевизиите Телма, 24 вести и Ера. Најмногу пари на рекламирање потрошила ВМРО-ДПМНЕ - околу 389 илјади евра, потоа ДУИ - 136 илјади евра, па СДСМ - 97 илјади евра.
Слично

Поврзани вести