Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тутунскиот комбинат-Прилеп го потпишува договорот со „Филип Морис“

Тутунскиот комбинат-Прилеп го потпишува договорот со „Филип Морис“
Претставници на тутунската компанија „Филип Морис“ денеска ќе го потпишат договорот за стратешко партнерство со Тутунски комбинат-Прилеп. Стратешкото партнерство ќе се реализира преку формирање ново друштво со ограничена одговорност во кое Филип Морис Интернешнл менаџмент ќе има 51 процент капитал учество, а ТК Прилеп 49 проценти. Ова друштво треба да биде одговорно за производство, дистрибуција промоција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар. Истовремено, со договорот, прилепскиот Тутунски комбинат ќе добие можност директно да пласира значителни количини македонски ориентален тутун за потребите на Филип Морис. Договорот беше усогласен во април, но се очекуваше да завршат изборите и да го одобри Генералното собрание на Тутунскиот комбинат. Со претставниците на „Филип Морис“, кои се во земјава, ќе се сретне и македонскиот премиер Никола Груевски, најавија од Владата.
Слично

Поврзани вести