Тутунска банка: каматите одат удолу
НЛБ Тутунска банка ги намали каматите на кредитите и депозитите за правни и физички лица, како резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи. Намалувањето на каматите за кредитите важи од 1 јули.
Намалување од 0,25 проценти на лимити на трансакциски сметки и кредитни картички за MasterCard Standard, MasterCard Light и Visa Classic, намалување од 0,25 проценти кај потрошувачките кредити кај кои каматната стапка пред 1 јули беше повисока од 11,75 проценти.
НЛБ Тутунска ги намали за 1,5 проценти и каматите на револвинг кредитите со денарска клаузула за физички лица, а намалувањето се однесува исто така само за новоодобрени кредити.
Слично
