ТУТУНАРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ: Колку се офајдија од субвенции?
22 милиони евра субвенции легнаа на сметка на тутунарите за реколтата од 2017 година соопштија надлежните.
Тоа е над 80 проценти од вкупниот износ што ќе биде исплатен за тутунарите а останатите 20 проценти според министерот Николовски ќе биде исплатен по завршените контроли.
Николовски посочи дека министерството продолжува со стимулации на тутунарите информирајќи дека оваа година субвенциите се зголемени на три нивоа.
Првото ниво за првата класа тутун од 80 денари по килограм, за второто ниво – втора класа по 70 денари за килограм и третото ниво за трета, четврта и дополнителни класи од 60 денари.
Оваа дејност на Македонија и донесува девизен прилив од околу 100 милиони евра коишто влегуваат во државата, потенцира Николовски.
