ТУРУНЏИЕВА ЌЕ ВЕ НАСМЕЕ: Короната пуста да остане
Позната фолк пејачка Сузана Турунџиева со интересна обработка на познатата македонска песна „Туѓината пуста да остане“, но преименувана како „Короната пуста да остане“, пее дека поради овој опасен вирус, граѓаните ова лето се уште се разделени од морето, односно од летувањето на убавите морски плажи, кое претходно долго го чекале.
Голем дел од граѓаните во земјава се уште имаат надеж дека ќе заминат на летување во Грција или во некоја од другите летни дестинации. Но, надежите се повеќе спласнуваат со оглед на најновиот развој на настаните и огромното зголемување на заболените од КОВИД-19 во земјава, што го отвора прашањето колку соседните држави ќе бидат расположени да ги примат на летување кај себе македонските граѓани.
Видеото е објавено на Јутјуб, погледнете го.
