Турски експерти ќе не советуваат како се штитат шумите
Македонија и Турција се заложија за унапредување на соработката во земјоделството, пред се во областа на шумарството и ловството. Ова беа и клучните теми на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со турската делегација на чело со Рустем Кириш, директор на Управата за планирање и управување со шумите во турското Министерство за шумарство и водостопанство.
За време на денешниот состанок биле договорени идните чекори за соработка на двете држави во делот на шумарството и водостопанството. Како што информираа од македонското министерство, Турција на експертско ниво треба да и помага на Македонија во заштита на шумите и реконструирање, модернизирање и подобрување на системите за наводнување и одводнување.
Делегацијата од Турција во земјава ќе престојува до четврток. Во овој период стручни лица од Министерството ќе организираат теренски посети на шумите, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Слично
