Туристички град кажува „не“ на изградба на хотели
Бидејќи сака да го ограничи бројот на туристи, Венеција ја разгледува можноста да забрани изградба на хотели во историскиот дел на градот.
Поради познатите гондоли, добрата храна, архитектура секоја година има многу туристи, а бројот на жители во историскиот дел на градот се намалува.
Градоначалникот Луиџи Бруњаро забрани да се отвораат нови капацитети за сместување. Сега градот има капацитет за 47.000 посетители.
Големиот број туристи придонесе да се зголемат кириите, но и да се зголемат случаите на криминал и вандализам.
Слично
