Економија, финансии, бизнис

Контакт

Туристи го наполнија Берово за Велигден

Туристи го наполнија Берово за Велигден
Домашните и странски туристи за велигденските празници ги исполнија сместувачките капацитети во Берово и викендиците во туристичките населби Суви Лаки, Клепало, Абланица, Бела Вода и покрај Беровското езеро. Најмногубројни се гостите од Скопје и Струмица, но ги има и од Охрид, Штип, Прилеп и од другите краеви на Македонија. По бројот на извршените резервации во хотелите од странските посетители на Малешевијата најбројни се тие од соседна Република Бугарија. - Ако се суди според интересот за велигденските празници годинава Берово и Малешевијата ќе имаат рекордна посетеност и богата туристичка жетва, вели Слободанка Бундевска. Првиот човек на Општината, Драги Наџински, најави дека за беровчани и нивните гости локалната самоуправа, Градскиот музеј, Домот на културата и КУД „Димитар Беровски“ организираат повеќе културно-забавни приредби: изложби, концерти, фолклорни ревии. Најголема атракција е традиционалниот натпревар во кршење велигденски јајца и избор на „Малешевски велигденски качор“. На учесниците и на победниците во натпреварот Црковниот одбор и Советот на Општината ќе им ги доделат традиционалните велигденски признанија и награди. Извор МИА
Слично

Поврзани вести