Туларемијата зема се поголем замав
Глувци шират зараза низ земјата – Досега регистрирани 9 случаи на туларемија.
Последните 4 случаи се од Каратманово. Епидемиолозите на терен. Ги проверуваат домовите кај што живеат заболените да не има и други заразени. Од локалните власти бараат одговори каква е водата за пиење, дали се хлорира и има ли пријави за наезда на глодари.
- Сите пациенти се во стабилна здравствена состојба. Центрите за јавно здравје веќе направија дератизација на куќите и училиштата од каде што се пријавените, за анализа земени се мостри од вода, дадени се насоки за редовно хлорирање на водата, изјавила Јованка Костовска, од Министерството за здравство, пренесува zdravstvo24.mк.
Болните најверојатно се заразиле од изметот на глодарите. Засега нема поврзаност на случаите. Но епидемиолозите со препорака до населението за поголема претпазливост, посебно оние во поплавените подрачја.
Основниот совет е доколку во близина забележите глувци, веднаш да се изврши дератизација. Да не ги допирате, веднаш да се изврши нивно уништување, и се разбира да побарате помош од Центарот за јавно здравје.
