ТТК Банка со продолжена промотивна понуда на потрошувачки и станбени кредити
ТТК Банка ја продолжува промотивната понуда на кредитни производи за физички лица со ниски каматни стапки и поволни кредитни услови.
СУПЕР станбениот кредит со најниска годишна фиксна каматна стапка од 2,95 отсто во првите три години, односно 6,45 отсто годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период, со само 10 проценти сопствено учество, Банката го нуди без трошоци за процена и обработка на барање за кредит и со намалена провизија за одобрување до 31 мај 2016 година.
Корисниците имаат можност да аплицираат без надоместок за одобрување во промотивниот период до 31 мај годинава и за ненаменскиот потрошувачки кредит ПРЕМИУМ Смарт, со фиксна каматна стапка од 6,1 отсто во првата година, односно 8,30 годишна прилагодлива каматна стапка за останатиот период, со рок на отплата до 8 години, за износи до 900.000 денари, без жиранти, во зависност од месечните примања.
Дополнително, Премиум Смарт ненаменскиот потрошувачки кредит во денари со девизна клаузула Банката го нуди со фиксна каматна стапка од само 5,9 отсто во првата година, односно 7,5 проценти прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 15.000 евра, со рок на отплата до 10 години.
Атрактивниот кредитен производ на ТТК Банка, МОЈ кредит - ненаменски потрошувачки кредит во денари, корисниците имаат можност да го добијат со фиксна каматна стапка од 0,5 до 2,9 отсто годишно, со рок на отплата до три години за износи до 100.000 денари, без жиранти, со определен надоместок за одобрување и без трошоци за обработка на барање и администрирање.
