Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТТК Банка со новa понискa каматнa стапкa за станбен кредит

ТТК Банка со новa понискa каматнa стапкa за станбен кредит
Од  1  јануари  оваа  година,  ТТК  Банка  АД  Скопје  ја  намали  каматната стапка  на  СУПЕР станбениот кредит за физички лица и воведе две понуди за овој кредитен производ. Во  рамките  на  првата  понуда,  корисниците,  приматели  на  плата/пензија  во  ТТК  Банка  имаат можност  да  аплицираат  за  СУПЕР  станбениот  кредит  на  ТТК  Банка,  со  атрактивна  ФИКСНА каматна стапка од 2,95% во првите три години, односно 6,45% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период. Со  втората  понуда,  корисниците,  приматели  на  плата/пензија  во  ТТК  Банка  имаат  можност  да аплицираат  за  кредитот  со  ФИКСНА  каматна  стапка  од 4,90% во првите пет години,  односно 6,30% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период. Покрај намалената фиксна каматна стапка и зголемениот фиксен период, Банката овој производ го  нуди  и  со  дополнителни  олеснувања -  без  трошок  за    аплицирање,  без  трошок  за  проценка за првата година и грејс период до 12 месеци, само 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства. Супер  станбениот кредит е наменет за  купување на нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице,  за изградба,    доградба или надградба на станбен простор  (стан или куќа)  како  и  за рефинансирање на станбен кредит од друга банка. Станбените кредити,  како  и  ненаменските потрошувачки кредити  во  промотивен период до31.01.2015 година, Банката ги нуди БЕЗ ПРОВИЗИЈА ЗА ОДОБРУВАЊЕ.
Слично

Поврзани вести