Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТТК Банка ги намали каматите за пензионерите

ТТК Банка ги намали каматите за пензионерите
ТТК Банка ја намали каматната стапка на ненаменскиот потрошувачки кредит за пензионери, приматели на пензија во Банката на 9,5% годишно, со рок до 7 години и со тоа понуди најповолни услови на пазарот. За потрошувачки кредит со пократок рок до 12 месеци, Банката нуди најниска каматна стапка од 7,5% годишно. Хипотекарниот кредит во ТТК Банка, пензионерите можат да го добијат со каматна стапка од 7,5% годишно. Овие поволности ТТК Банка ги нуди во рамки на Премиум Смарт пакетот, со кој примателите на пензија во банката можат да добијат и дозволено пречекорување до 2 пензии, Visa electron дебитна картичка, како и пониски провизии за одобрување на кредитите.
Слично

Поврзани вести