TTK БАНКА ДО КЛИЕНТИТЕ: Eве како да подигнете готовина во општините Дебар и Центар Жупа
Во согласност со најновата Одлука на Владата за прогласување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, а со цел овозможување на непречен пристап до готовина Ве информираме дека подигнувањето на готовината од Visa дебитните и кредитни картички издадени од ТТК Банка АД Скопје почнувајќи од денес ќе можете да го вршите и на најблискиот достапен банкомат на друга банка на територијата на град Дебар, информираат од банката.
„Провизијата за подигнување на готовина од банкомат на друга банка ќе биде надоместена од страна на ТТК Банка АД Скопје. При користењето на банкоматите Ве советуваме да ги користите препорачаните хигиенски мерки за спречување на ширење на вирусот Ковид-19. Оваа можност Банката ја остава на располагање во времетраење до истек на мерките за што дополнително ќе информира“, стои во соопштението.
Во престојниот период ТТК Банка АД Скопје активно ќе ја следи ситуацијата, доследно ќе ги почитува и ќе продолжи ефикасно да постапува согласно препораките од надлежните институции.
