Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТTK Банка АД Скопје со целосно бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица до 30.4.2020 година

ТTK Банка АД Скопје со целосно бесплатно електронско и мобилно банкарство за физички лица до 30.4.2020 година

Во периодот од 19.3.2020 година до 30.4.2020 година ТТК Банка АД Скопје овозможува целосно бесплатно електронско  E-bankи  мобилно  M-bankбанкарство за физички лица. 

Банката нема да наплатува провизија за сите денарски трансакции направени од физички лица преку електронското и мобилното банкарство кон другите банки. Извршувањето на интерните електронски трансакции, добивањето кориснички пристап и користењето на електронско и мобилно банкaрство како и досега остануваат бесплатни.

Препорачуваме да ја искористите можноста да ги извршувате сите банкарски трансакции бесплатно преку мобилен телефон или компјутер со интернет пристап.

Сите потребни информации за електронско и мобилно банкарство се достапни на веб страната www.ttk.com.mk.

Во услови на ширење на вирусната инфекција ковид-19 изберете  брзо, едноставно, безбедно, 24/7, бесплатно користење на банкарски производи и услуги од  Вашиот дом,  и заштитете го своето здравје и здравјето на другите!

Слично

Поврзани вести