Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНА РЕКА БЛИСКУ ДО КРИТИЧНА ТОЧКА: Ќе се излее ли во Пелагонија?

ЦРНА РЕКА БЛИСКУ ДО КРИТИЧНА ТОЧКА: Ќе се излее ли во Пелагонија?
Водостојот на Црна Река се доближува до критичната точка и се заканува да се излее во Пелагонија. Според Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, со последните дождови водостојот на реката веќе достигнал 3,6 метри, додека нејзиниот максимален капацитет е 4,3 метри. Можното излевање на реката само дополнително ќе ја отежне есенската сеидба во пелагонискиот регион, која е стопирана повеќе од две недели. Земјоделците се жалат дека заради поројни дождови и подземни води не можат воопшто да влезат во нивите кои се наоѓаат во оваа најголема житница во Македонија. За да се спаси дел од есенската сеидба потребно е итно подобрување на временските услови. Во спротивно, се очекуваат преполовени приноси, а излез ќе се бара дури со пролетната сеидба.
Слично

Поврзани вести