Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цевитана во потрага по суперхерои од секојдневието

Цевитана во потрага по суперхерои од секојдневието

Преку промовирање на обичните суперхерои од секојдневието, Цевитaна си постави за цел да ја подигне свеста кај луѓето и да покаже дека сите ние можеме да бидеме подобри и да го направиме светот поубаво место за живеење.Секој кој бил сведок и познава некој кој направил добро дело, може да го кандидира како свој суперхерој и да се вклучи во оваа несекојдневна и пред сé хумана потрага.

Потрагата и претставувањето на суперхероите од соседството ќе се одвива онлајн. Сé што треба да направат корисниците е да остават коментар на Facebook страната https://www.facebook.com/Cevitana.mk, да објаснат кој и зошто е нивен суперхерој, да твитнат со #СуперХерој на Твитер или да постават слика или видео на Инстаграм, исто така со #СуперХерој.

cevitana

Првите обични суперхерои од секојдневието се тројца млади волонтери во Црвениот Крст на Град Скопје кои со своите беспоштедни заложби и искрена хуманост помагаат таму каде што е потребно. Младите средношколки Ивона Георгиева и Сања Матовска помогнаа да се соберат средства и да се реновира куќата на едно семејство во с.Огњанци. Додека, пак, суперхеројските моќи на студентот Никола Блажевски се одвиваат секојдневно со преземање на одговорноста секој ден да го носи и зема малиот Адмир во градинка, дете на двајца родители со оштетен вид.

„Тоа што го направивме нè поттикнува и понатаму да продолжиме да им помагаме на нашите сограѓани, но и да го раскажеме бесценетото чувство што се буди кај нас кога ќе видиме дека сме придонеле за нечија среќа и поттикнале нечија насмевка. Тоа навистина нè прави да се чувствуваме посебно, како суперхерои“, велат првите Цевитана суперхерои.

cevitana 1

Цевитана ќе ги поддржи обичните суперхерои во нивните мисии со подарување на дел од своите производи. Целта е да се мотивира секој од нас да биде нечиј суперхерој со мало добро дело што може да го направи за луѓето во секојдневието. Во наредните недели на социјалните медиуми ќе бидат објавувани приказни за дел од суперхероите во Македонија, а сите постови ќе можат да се проследат на Facebook страната на Цевитана.

Слично

Поврзани вести