Центарот на Скопје утре без вода
Дел од жителите на општина Центар лоцирани на булеварот „Св. Климент Охридски“, како и оние кои живеат или работат со адреса на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, утре од 09:30 часот се до завршување на дефектот ќе бидат без вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради отстранување дефект на булеварот „Св. Климент Охридски“, пред ресторанот Букет.
Слично
