Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦЕНА НА ПЧЕНИЦАТА: Мелничарите бараат осум денари за килограм

ЦЕНА НА ПЧЕНИЦАТА: Мелничарите бараат осум денари за килограм

Мелничарите бараат цената на пченицата годинава да не биде повеќе од осум денари за килограм.

Објаснуваат дека проблемите со кои се соочуваат, се резултат на договорените цени и несоодветните решенија во изминатиот период. Единствен критериум додаваат е пазарната цена, а таа е утврдена на берзата во Нови Сад.

„Разумна цена за домашното лебно жито би била најмногу осум денари за да се произведе брашно со кое би конкурирале на производителите од соседството“- кажале мелничарите на последниот состанок во Стопанската комора на Македонија.

Тие се изјасниле дека им е потребен простор за фер натпревар во однос на квалитетот на произведеното брашно.

Не се задоволни и со измената на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2016 година со која, наведува Комората, беше предвидено на мелничарите да им се исплаќа по еден денар за килограм откупена пченица од реколтата 2015 година.

Компаниите инсистираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до денеска да ја измени Уредбата и повторно да биде уредена мерката за директни плаќања  за откупена  пченица од реколтата 2015 од домашно  производство. Воедно бараат и да се вратат на сила критериумите кои важеа и за увозниците на брашно.

Ако има препорачана цена за домашната суровина, тогаш би требало да има препорачана цена и за  брашното, велат мелничарите.

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија го одржа последниот состанок пред осум дена, на 21 јуни годинава.

Слично

Поврзани вести