Економија, финансии, бизнис

Контакт

Царините на Македонија и на Турција ја унапредуваат соработката

Царините на Македонија и на Турција ја унапредуваат соработката

Царините на Македонија и Турција ќе ја унапредуваат соработката во областа на царинските контроли и истраги. Ова е договорено на вчерашната средба на директорите на македонската Царинска управа Ванчо Каргов и на турскиот Потсекретаријат за царина, задолжен за ЕУ и надворешни прашања, Хасан Косеоглу, во Анкара.

Каргов и Косеоглу, соопшти македонската Царинска управа, разменија искуства околу воведувањето нови ИТ системи во двете царински управи.

- Косеоглу одржа презентација за развојот на НКТС во Турција, финансиран од страна на ИПА фондовите на Европската унија, кој е во функција од  јануари 2012 година и се осврна на нивните искуства со овој систем во изминатите година и два месеци. Покрај ова, искажано е задоволство од нивото на соработка на полето на размена на информации во спроведувањето на трговската размена, при што е потенцирана потребата за натамошно продлабочување на соработката и олеснување на трговијата, се вели во соопштението.

Македонската делегација при престојот во Турција  ја посета и логистичката база на турската Царина во Анкара каде е сместен главниот ИТ центар на Царинската управа на Турција.

Слично

Поврзани вести