Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРОЈЦА ГИГАНТИ се борат да го купат Твитер-Кои се тие ?

ТРОЈЦА ГИГАНТИ се борат да го купат Твитер-Кои се тие ?

До крајот на годината Twitter може да има нов сопственик, а меѓу потенцијалните кандидати се Google и Microsoft.

Компанијата сопственик на социјалната мрежа веќе разгледува неколку понуди, меѓу кои таква од компанијата-мајка на Google - Alphabet, како и Salesforce. 

Очигледно Бордот на директори на Twitter е поставен позитивно кон евентуалната зделка и во текот на разговори можат да доведат до нејзина реализација во следните неколку месеци, јавува NBC.

Според истите извори, Google ги бара најмногу од податоците кои Twitter ги генерира, како и од позицијата на компанијата на медиумскиот пазар.

Другиот најсериозен кандидат е Microsoft, која сака да делува превентивно, за да не дозволи Salesforce да ги стави рацете на Twitter.

Третиот потенцијален купувач е најголемиот американски мобилен оператор Verizon, кој претходно оваа година го купи Yahoo за речиси 5 милијарди долари.

Twitter започна да функционира во март 2006 година и во моментов е една од најголемите социјални мрежи во светот со 313 милиони активни месечни корисници.

Слично

Поврзани вести