Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трката по награди со фискални сметки почнува на 1. декември

Трката по награди со фискални сметки почнува на 1. декември
Фискалните сметки издадени по 1. декември 2013 година ќе учествуваат во наградната игра што вчера ја најави Владата. Граѓаните ќе учествуваат во наградната игра со собрани 20 фискални сметки на кој било износ. Првото извлекување е на 30 декември 2013 година, а ќе има девет кола. Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,… Целта на наградата, под мотото „Фискална во рака – награда без мака“, е подигање на јавната свест кај граѓаните, односно тие да се мотивираат и да бидат заинтересирани за добивање фискална сметка секаде каде што пазарат и добиваат услуга. Приредувач на наградната игра ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.
Слично

Поврзани вести