Трикови за резервација на хотел, кои ќе ви заштедат пари
Ви се патува, но имате ограничен буџет? Не треба да се ткажете брзо од патувањето, туку едноставно да најдете најдобрата опција која има вредност за вас . Постојат неколку начини на кои што можете да плаќате помалку за хотел. Business Insider ги открива, ние ви ги пренесуваме:
1. Не резервирајте соба поголема од онаа што ви треба. Многу луѓе се согласуваат да земат поголема соба, само да можат да добијат било каква, кога хотелите се полни.
2. Резервирајте соба откажана од друг гостин. Ова работи особено добро, ако ви треба евтина соба во последен момент, дури и кога хотелите се полни. Контактирајте со хотелот, каде би сакале да останете еден или два дена пред да планирате да пристигнете за да дознаете дали има било какви евтини соби. Правилата за откажување на резервација бараат тоа да се случи барем 24 до 48 часа пред денот на пристигнување.
3. Резервирајте соба еден месец однапред.
4. Повеќето туристи резервираат соби за петок и сабота, па обично повеќето поевтини хотелски соби се слободни од недела.
5. Можеби мислите дека престојувањето во сосема нов хотел ќе ве чини повеќе од престој во постар, но често хотели, кои неодамна се отворени или оние во кои се вршат поправки, нудат поевтини понуди за соби.
6. Патувајте надвор од сезона, ако е можно. Хотелите нудат пониски цени за соби надвор од шпицот на сезоната, кога е помалку веројатно да бидат преполни со гости.
7. Избегнувајте да престојувате во хотел за време на големи настани. Резервирајте престој во друго време, за да е поевтина цената за соба.
8. Многу хотели нудат специјални промоции и ексклузивни попусти за членовите. Треба само да се регистрирате за е-мејл билтенот на хотелот и да регистрирате сметка кај нив.
9. Користете онлајн пребарувач за хотели, за да најдете идеален хотел за вас по најдобра цена. Покрај тоа побарајте во мрежата и „customer reviews“ и проценки за хотелите.
