Триглав Осигурување повторно лидер на осигурителниот пазар во Македонија
Триглав Осигурување АД, Скопје континуирано ја продолжува традицијата и, според резултатите објавени од Националното биро за осигурување на Македонија за првата половина од 2013-та, повторно е на првата позиција на пазарот, со остварена бруто полисирана премија од 534 милиони денари и пазарен удел од 16,16%, информираат од компанијата.
Пазарот на осигурување во Македонија е во постојан пораст, за што говори и фактот што во првата половина од 2013-та се забележува пораст во доменот на неживотни осигурувања од 4,7% во споредба со истиот период минатата година.
„Триглав, следејќи ги будно трендовите во осигурувањето и прилагодувајќи се на потребите на клиентите, во дадениот период забележа пораст во склучени договори за осигурување од 5,64% споредено со истиот период во 2012 година. Овој факт само дополнително ја потврдува оправданоста на стратешките заложби на Триглав Осигурување за своите клиенти да обезбедува производи и услуги со врвен квалитет, како и посветеноста на вработените на компанијата и на клиентите“ - велат од компанијата.
Слично
