Триглав Осигурување обезбеди „City Tree“ за Скопје
Триглав Осигурување, во партнерство со Еко-свест и Општина Аеродром обезбеди City Tree инсталација за Скопје, која што придонесува кон ублажување на проблемите со загадувањето на воздухот во градот.
Оваа иновативна структура го неутрализира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и може да се адаптира на секоја животна средина. Има прочистувачки ефект како 275 дрвја и е извонреден начин за справување со климатските промени, бидејќи нуди разладување од 17°С во радиус од 5 метри поради природната функција на растенијата.
“Решенијата кои што ги заштитуваат животот, природата и здравјето на луѓето се од најголем значај за нас. Се надеваме дека овој проект и ова партнерство ќе мотивираат и ќе помогнат во процесот на создавање на култура на живеење, ќе ја подигнат свеста кај граѓаните за загадувањето и за грижата, започнувајќи ново поглавје, коешто ќе помогне во наоѓање решенија за ублажување на проблемите со загадувањето на воздухот”, изјави г. Војновиќ, главниот извршен директор на Триглав Осигурување.
