Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три важни лекции за парите кои секое дете треба да ги научи

Три важни лекции за парите кои секое дете треба да ги научи

Иако се чини дека приказните за пари не се за деца, сепак е важно да научат некои лекции. 

буџетирање 

Децата ќе бараат да им купите слатки, играчки и многу други работи, но мора да им кажете дека парите ви се ограничени. Објаснете им дека родителите мора прво да работат за да заработат пари. Ако  вашиот буџет не дозволува да се опуштате, кажете им дека од три работи мора да се одлучат за една. Кажете им дека ако купите нешто што ви е непотребно, ќе треба да се откажете од други работи кои ви се навистина потребни. На овој начин децата ќе научат  што се приоритети. 

се исплати да се купува 

Треба да прошетате по сите продавници и да ја купите онаа играчка чија цена најмногу ви одговара. Така ќе научат да не се залетуваат по првата играчка. Водете го детето со вас кога одите да купувате повеќе работи и понесете список. Вие имајте го последниот збор за она што ќе го ставите во корпата во маркет. 

времето е злато 

Децата мора да научат дека нивните одлуки влијаат на нивната иднина. Во текот на денот можат да учат, волонтираат, да читаат.  Барајте од децата да направат листа на активности кои ќе ги сработат за распуст или викенд. Тие треба да го разберат концептот на управување со време и самоунапредување. 




Слично

Поврзани вести