Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три важни совети за напредок во кариерата

Три важни совети за напредок во кариерата
Пред било какво тактизирање за да ја мрднете кариерата од мртвата точка , треба да знаете дека не е толку важно што правите, туку важно е што другите мислат дека сте направиле. Вашите надредени се насочени кон нивната работа и тоа е нивна главна грижа. Мора да најдете начин сите да видат колку сте добри. Ефри Фајфер, професор на универзитетот Станфорд, истакнува дека ако сте кариеристка, тогаш морате да ги превземете и следните три чекори: Пофалете ги колешките и очекувајте и тие да го сторат истото Мал трик базиран на принципот на реципроцитет е секогаш фунционален – фалете ги колегите и колешките, јавно истакнувајте колку добро тие си ја завршуваат работата, а тие ќе ви возвратат на убавите зборови. Кога за вас ќе се зборува во ваков позитивен контекст, вашата работа ќе го добие заслуженото внимание. Имиџот кој сте го изградиле е важен, како и вашата работа и залагање. Како другите ве гледаат и ве доживуваат, многу придонесува во напредокот на кариерата. Ѕидајте слика околу себе  Ако сакате да ве доживуваат како дружељубива, духовите, отворена и комуникативна, тогаш така и однесувајте се, ѕидајте таква слика околу себе. Пружете си нова шанса Ако не ви оди со првите две стратегии, дајте си нова шанса и обезбедете си ново деловно опкружување. Променете ја фирмата ако не сте задоволни со имиџот кој ве следи.
Слично

Поврзани вести