Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три правила да преживеете шеф кој е вистински „психопат“

Три правила да преживеете шеф кој е вистински „психопат“

Австралискиот автор Девид Гилепси неодамна во својата книга „Скротување на токсични луѓе: наука на идентификација и комуникација со психопати на работа и дома“ открива дека дури 10 отсто од луѓето имаат психопатски склоности, но дека функционираат во рамки на општеството и законите.

„Науката вели дека психопатите немаат емпатии. Иако се шармантни во почетокот на односот-работен или приватен, со тек на време со нив ќе се чуствувате измамено и понижено. Психопатот црпи сила од хаосот кој го создава. Тие се невројатно збунувачки луѓе и искрено трауматични“, напоменува Гилепси кој вели дека не сфатил што ги мотивира, а неговата книга се занимава со истражувања поврзани за психопати и истовремено е водич со совети како да препознаете психопати и со нив најлесно да функционирате.

Прифатете ја реалноста

Клучот е да го прифатите фактот дека сте жртва на психопат. Секој пат кога се обидувате да ги објасните нивните постапки според правилата на однесување кои се однесуваат на просечен човек ќе бидете збунети. Немојте ни случајно да мислите дека вие можете да го промените однесувањето на таа личност.

Вашата позиција е привремена. 

Никој нормален не може долгорочно да работи за психопат и да преживее. Најдете друга работа.

Бидете пристојни

Психопатот вас не ве почитува и никогаш нема да ве почитува. Ќе гледа на вас како на стока. Немојте ни да помислувате на тоа да го промените неговото мислење, најдобро што за себе можете да направите е да му покажете дека тој е подобар од вас во се. Бидете пристојни.

Слично

Поврзани вести