Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРИ ПОТЦЕНЕТИ ВЕШТИНИ: Сепак ќе ви помогнат да напредувате во кариерата

ТРИ ПОТЦЕНЕТИ ВЕШТИНИ: Сепак ќе ви помогнат да напредувате во кариерата

Сајтот „The Muse“ пишува дека без разлика дали долго работите или сега почнувате, сепак има три вештини кои многу ќе ви помогнат за да одите напред во работата. 

Фокус 

Во последно време има многу книги кои пишуваат на оваа тема. Во време кога сме бомбардирани со информации, сепак вниманието е многу важно. Да се биде концентриран е вештина, а како и секоја друга треба да се вежба. 

Отвореност за критики и сугестии

Ако не слушате критики за вашата работа, никогаш нема да напредувате. Луѓето не само што нема да сакаат да работат со вас, туку и нема да слушаат совети од вас. 

Одговорност

Рационално е чекор по чекор да се решаваат задачи. Некогаш ќе земете „преголем залак“, но и тоа е во ред. Сепак, потрудете се да ја завршите работата до крај. Земете обврски толку колку што можете да завршите, а повеќе од тоа е неодговорност. Ако земате некој важен проект, подгответе се и за „црно сценарио“. 

Слично

Поврзани вести