Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три начини на кои самите себе си се „кочите“ на патот кон успехот

Три начини на кои самите себе си се „кочите“ на патот кон успехот

Ако сакате да успеете во кариерата, треба да бидете личност која другите ја почитуваат и со која сите сакаат да работат. 

На тој пат најголема пречка сме си ние самите. 

Ова се лекции кои мора да научите да ги совладате:

Поздравете ја негативната повратна информација 

Дури и со најдобри намери, некогаш ќе слушнете критика од колегите. Од тоа не се поштедени ниту перфекционистите. Каква и да е критиката, таа ретко е лична, а почесто е од конструктива природа. Немојте да дозволите критиката да влијае на вашата посветеност на работата. 

Големите титули со себе носат и големи ограничувања

Луѓето грешат кога мислат дека титулата е мерило за успех. Во реалноста не е така. Гледајте што повеќе да придонесете затоа што тоа ќе придонесе за вашата важност. 

Самосвеста значи да бидете тука за другите, а не за себе 

Да се биде ефикасен значи да се има висока самосвест. Предизвик е како таа самосвест ќе ја покажете пред другите луѓе. Ако сте сигурни во себе, нема да имате потреба да се наметнете на другите. 

Слично

Поврзани вести