Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три начини да изградите супер продуктивен тим за работа

Три начини да изградите супер продуктивен тим за работа

Сe сеќавате ли на оној момент во кој сте седнати со чаша вино во дневната соба и се чувствувате одлично благодарени на фактот што веќе не работите во таа компанија? Онаа во која луѓето постојано беа на трње, атмосферата беше напната и тешка.

Слични работни места може да ја уништат и вашата кариера и вашата психа. Но ако сте работодавец или менаџер, од вас зависи дале ќе ги промените работите. Прво треба да се изгради навистина смирен и продуктивен тим. 

А тоа може да се направи преку овие 3 работи.

1. Синергија

Добриот тим генерира различни идеи, а неговите членови се напојуваат еден друг со креативност. Водат живи, но цивилизирани дебати околу проектите. Резултатот е службена синергија. Работата почнува да се прави со високо темпо, бидејќи луѓето се чувствуваат ценети и ангажирани - нивните гласови се слушаат. Токму лидерот е оној кој треба да создаде таква средина.

2. Отворена комуникација

Добриот лидер исто така треба да се погрижи секој вработен да може слободно, без грижа, да изразува мислење. Како и да добива објективни критики за работата. Лидерот треба да става многу јасни цели и да прецизира какви очекувања има од својот тим. Транспарентноста треба да биде водечка политика.

3. Доверба

Конструктивната критика е едно, скандалите и грубите погледи- сосема друго. Лидерот треба да ги прифати идеите со отвореа свест и барем да ги разгледува пред да ги отфрла. Подредените не треба да се плашат од експериментите и неуспесите, бидејќи патот кон растот поминува низ нив.

Слично

Поврзани вести