Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три компании од автомобилскиот сектор заинтересирани за инвестирање во Македонија

Три компании од автомобилскиот сектор заинтересирани за инвестирање во Македонија
Интерес за влез во Македонија пројавиле три компании од автомобилскиот сектор чии претставници најавиле дека по Нова година ќе дојдат во земјава за директно да се запознаат можностите овде. Според директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони , Виктор Мизо се работи за компании за производство на електронски компоненти и за производство на машински и механички компоненти за автомобилскиот сектор,открива тој во изјава за Сител. Тој открив и дека е разговарано со компании веќе присутни на пазарите во Чешка, Полска, Романија и Унгарија, кои покажале интерес за преселба на своето производство во земјава поради поконкурентната работна сила. Деновиве Мизо присуствува на конгресот на автомобилска индустрија во Берлин, каде се прустни првите луѓе на најпознатите производители на автомобили.
Слично

Поврзани вести