Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три јавни претпријатија ќе се грижат за новите садници до автопат

Три јавни претпријатија ќе се грижат за новите садници до автопат

Денеска се садеа декоративни садници покрај автопатот „Александар Македонски“. Во рамки на акцијата предвидено е да бидат засадени 5.000 декоративни садници покрај автопатот Катланово-Хиподром, на клучката пред и после патарината кај Петровец.

Засадувањето почна од патарината кај село Петровец и е дел од пролетната акција „Ден на дрвото“, а планирано е да се садат аризонски чемпрес, јасен, каталпа, келерутерија, јавор и туја.

Според надлежните на овој начин зелениот појас ќе ја собира прашината и  јаглеродниот диоксид, ублажувајќи ги негативните влијанија од издувните гасови.

За садниците ќе се грижат вработените во  „Македонски шуми“ кои имаат ангажирано свое возило - цистерна за полевање на растенијата,  додека „Државни патишта“ и „Македонија пат“ треба да се грижат за чување на садниците од физички оштетувања и корнење, како и за плевење и чистење на површината.

Слично

Поврзани вести