Три и пол години патувала автостоп
34 годишна загребчанка до островот Бора Бора во Пацификот патувала три и пол години сама.
Во тој период поминала над 70.000 километри и патувала низ 25 земји. Ана Бакран патувањето го почнала во 2013 година, при што патувала по копно, воздух, море па дури стопирала и хеликоптер. Пред 10 дена таа стигна на својата цел на Бора Бора.
Првата година друштво ѝ правеле автостопери кои по пат ги запознала, а потоа две години патувала сама. Иако многумина ја плашеле дека е ризично да се патува автостоп, таа не се откажала од својата цел.
„Беше супер, а со себе носам и вреќа за спиење. Од плажи, ливади, улици, бензински пумпи, паркови, цркви, џамии“ - наведува девојката.
Го одбрала островот Бора Бора затоа што се наоѓа на друга страна на светот и не е лесно таму да се стигне автостоп.
