Економија, финансии, бизнис

Контакт

Три диетални пијалоци од Доктор Оз

Три диетални пијалоци од Доктор Оз

За прв пат тој се појави во шоуто на Опра Винфри како здравствен експерт. Подоцна гостува кај Лари Кинг, а од 2009 година води сопствена емисија со акцент врз здравјето и личниот развој. Ви го претставуваме доктор Оз.

Тој е кардиохирург, автор на бројни научни публикации и книги за здрав начин на живот. Доктор Оз секогаш ги советува своите гледачи како да се хранат, така што менито мора да биде богато со витамини и минерали, да им достави доволно влакна и помалку калории.

Бидејќи е лето и треба да ја задржите својата фигура убава и секси, споделуваме три рецепти за вкусни и корисни пијалоци, со кои треба да започне вашиот ден. Тие го заменуваат стандардниот појадок, даваат енергија и се грижат за вашата половина.

Зелен пијалок:

состојки: 2 чаши свеж спанаќ 1/2 краставица 1/4 глава целер 1/2 магдонос неколку ливчиња нане 3 моркови 2 јаболка 1/4 портокал 1/4 лимон 1/4 ананас Сите состојки се ставаат во кујнски блендер, и по желба во нив се додадат неколку коцки мраз.

Банана-канелени пијалок: состојки: 2 лажици какао во прав 2 лажици путер од кикирики 1 банана 300 г јогурт цимет по вкус

Сите состојки се ставаат во кујнски блендер и се миксираат до добивање на хомогена смеса.

Витаминозен пијалок:

состојки: 1 чаша папаја 1/2 чаша зелка 1/2 чаша спанаќ 1/2 банана 1/2 зелено јаболко

Повторно сите состојки се ставаат во кујнски блендер и се миксираат до добивање на хомогена смеса.

Слично

Поврзани вести