Тргнал за Сиднеј, а завршил во Канада
Милан Шипер, студент од Холандија по поволна цена купил авионски билет за Сиднеј, но го чекало изненадување и завршил во Канада.
Наместо да отиде на песочна плажа, тој заминал во Канада каде го дочекало снежно невреме, а имал само една јакна со себе.
Студентот сфатил дека нешто не е в ред, но тој направил грешка и во Торонто не се префрлил во друг мал авион за Сиднеј.
„Авионот беше многу мал, па се мислев дали ќе стигне во Австралија“ - рече тој.
Вработените во авиокомпанијата му помогнале на студентот да букира авиобилет и да се врати во Амстердам.
BBC потсетува дека ова не е прв пат да се случи вакво нешто. Во 2002 година грешка направил брачен пар од Британија, потоа истото му се случило на постар Холанѓанин, но и на италијански туристи.
