Третина работодавци ги одбиле кандидатите по проверка на социјалните мрежи
Начинот на кој луѓето се претставуваат на социјалните мрежи влијае на нивната потрага по работа.
Третина од работодавците одбиваат да повикаат дел од кандидатите на разговор, откако ќе ги проверат на социјалните мрежи.
Но, дел од луѓето кои бараат работа се свесни дека нивниот профил може да се најде пред луѓето кои ќе им бидат претпоставени.
Истражувањето направено со 4000 испитаници покажува дека и граѓаните во 28% од случаите за фирмата проверуваат податоци и искуства на интернет.
За таа цел се препорачува кандидатите да користат еден професионален профил и еден личен.
Но, и социјалните мрежи можат да бидат многу корисни за пронаоѓање на вистинскиот кандидат за работа.
Слично
