ТРАНСФЕР: Пандев и Џемаили во пакет во Галатасарај за 3,5 милиони евра
Македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев во следните две години ќе ја продолжи кариерата во турскиот фудбалски клуб Галатасарај. Заедно со него, во 19-кратниот шампион на Турција се сели и швајцарскиот репрезентативец со потекло од Македонија Блерим Џемаили, кој потпишал договор на три години.
Според првичните информации, за двата играчи Галатасарај на нивниот досегашен клуб Наполи му исплатил 3,5 милиони евра. Други финансиски детали за трансферот се уште не се објавени, а договорот треба официјално да биде потпишан утре.
Пандев за првпат по 13 години ја напушта италијанската Серија А, каде играше за Интер, Специја, Анкона, Лацио и Наполи. Турскиот клуб подолго беше заинтересиран за македонскиот фудбалер и успеа да го добие пред Милан, Фиорентина и Сандерленд.
Слично
