Трактори и комбајни на две години на технички преглед
Технички преглед за трактори и комбајни ќе се врши на секои две години, а за мултикултиватори и приколки на секои четири години, додека регистрацијата на земјоделската опрема и механизација ќе се прави на секои шест години.
Ова е согласно законските измени што минатата недела беа усвоени од Собранието на Република Македонија.
Земјоделците претходно имаа обврска земјоделската механизација да ја регистрираат секоја година, што беше и финансиски терет.
Рокот за легализација на земјоделската опрема и механизација е продолжен за една година. Сите кои поседуваат ваква механизација, можат своите трактори, комбајни, култиваторите, приколките да ги легализираат во дадениот рок.
Слично
