Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топол оброк од Олимпиа Моторс за бездомни лица за денот на хуманоста

Топол оброк од Олимпиа Моторс за бездомни лица за денот на хуманоста

Олимпиа Моторс заедно со пријателите, по повод денот на хуманоста, како и 10 годишниот јубилеј,  организираше хуманитарна  акција во пунктот за бездомни лица при Црвениот Крст на Град Скопје!

Донацијата е топол оброк, приготвена и послужена од страна на Олимпиа Моторс и пријателите , за сите лица кои доаѓаат во пунктот, кои од какви било причини не се во можност да обезбедат сопствена егзистенција и социјална стабилност.

crven krst 1

Целта на донацијата е да ја подобриме социјалната димензија на една ранлива категорија на луѓе, како одговорен и активен учесник во општеството, Олимпиа Моторс, вклучувајќи ги како своите вработени, така и пријателите, преку различни иницијативи, докажа и овој пат, дека настојува да ја задржи позицијата на активен член на нашата заедница.

crven krst 2

Нашата активност продолжува и понатаму, со останати дефинирани општествено социјални активности, се со цел подобрување на состојбата на оваа категорија граѓани.

Слично

Поврзани вести