Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОП Туристички дестинации кои мора да ги посетите во 2017!

ТОП Туристички дестинации кои мора да ги посетите во 2017!

Јануари е месец на предвидувањата што ни претстои во текот на годината. Денес ви ги презентираме трендовите и дестинациите во туризмот во 2017 година со желба да исполните што повеќе од нив.

Топ 5 туристички дестинации

  5. Хавана, Куба

Главниот град нуди уникатна архитектура и една од најавтентичните светски култури. Земјата ќе се промени значително во следните години, па сега е моментот да биде посетена.

4. Кејптаун, Јужна Африка

Тој е познат како градот мајка или Таверна на морињата. Кејптаун е мултинационален град, имено во него може да се судрите со луѓе од различни националности и култури. Кејптаун е многу барана туристичка дестинација. Работи кои не треба да се пропуштаат се планината Теибл и Кејп Поинт. Интересни уште се крајбрежната линија V & A и стадионот Грин Поинт, кој во текот на ноќта изгледа како вистински скапоцен камен, качен на брегот.

3. Мерида, Мексико

Градот е познат по тоа што е најголемиот на целиот полуостров Јукатан. Мерида се наоѓа во јужниот дел на земјата и привлекува туристи од целиот свет со уникатноста- градот го задржал колонијалниот дух и покрај брзиот економски развој. Градот е интересен по тоа што над педесет проценти од жителите во него потекнуваат од Маите. Прогласен е за најбезбедниот град за живеење на територијата на целата земја.

2. Денвер, Колорадо

Градот е наречен „Високиот милјиград“, бидејќи висината на која се наоѓа е точно една милја (1609 м) над морското ниво. Метрополис Денвер - Аурора има население од 2,4 милиони луѓе и при пописот од 2006 година е 21 метропола по население . Денвер е основан во 1858 година како рударска атракција во пикот на "златната треска".

1. Ванкувер, Канада

Свеченостите по повод 150 години од основањето на градот ќе бидат во изобилство. Веќе долги години Ванкувер често се наведува како едно од најдобрите места за живеење - Поинаку кажано, град сон. Всушност, тој е толку привлечен што често станува домаќин на делегации од други градови ширум светот кои го разгледуваат и му се воодушевуваат на неговиот успех.

Слично

Поврзани вести