ТОП ПЕТ банки во кои вреди да работиш
Vault.com (компанија за проценка на работодавачи и стажантска програма) ја објави својата годишна листа за банките кои се најдобрите работодавачи во светот.
Критериумите за оценување вклучуваат корпоративна култура, задоволството на вработените, обуки, компензации, рамнотежа помеѓу личен и професионален живот и др. Ранг листата е базирана на одговорите на 3.000 банкарски експерти кои ги оценуваат банките на скала од 1 до 10.
Business Insider ги објави резултатите, а вие погледнете како изгледа првата петорка.
5. JPMorgan. Оваа година банката се пресели со цели три позиции нагоре.
Позитивност: Одлична корпоративна култура и тим; мноштво можности за професионален развој; конкурентско плаќање.
Минуси: Тешко достигнувања на баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот; „надуени“ очекувања кон вработените.
4. Evercore. Компанијата ја задржува својата позиција од минатата година и сепак покажува подобри резултати од минатогодишните. Банката има исклучително добри индикатори за обезбедување квалитет на живот и понудени внатрешни обуки за своите вработени.
Позитивност: Фантастична корпоративна култура; многу добри плати.
Минуси: Работата е тешка и одговорна и често има непредвидливи ситуации; ограничени дополнителни стимулации; не добра политика за унапредувањата.
3. Centerview Partners. Банката е на прво место во 10 од 19-те критериуми за оценување на квалитетот на Vault - компензации, водич, неформални обуки, процес за вработување, политика за поттикнување и др.
Позитивности: Прекрасен аналитички тим; тимска работа; можност за работа со најдобрите во секторот.
Минуси: Нема официјална политика за рамнотежа помеѓу лични и професионални обврски; непредвидливо времетраење на работните часови; претерана строгост кон вработените.
2. Morgan Stanley. Влегува во листата директно на 2 место. На истата позиција е и во ранглистата за најпрестижни банки и на прво место на табелата за корпоративна социјална одговорност.
Позитивност: Одлична корпоративна култура и интелигентни колеги; предизвикувачка работна атмосфера.
Минуси: Премногу долго работно време; исклучително стресна работна средина; бавен процес на донесување одлуки.
1. Goldman Sachs. Втора година по ред компанијата останува најпрестижната банка во светот и ги освои комплиментите дури од своите конкуренти.
Позитивност: Работа со најпаметните, талентирани и вредни луѓе во индустријата - важи и за колегите, и за клиентите; кооперативна и иновативна корпоративна култура; големи можности за професионална обука и развој во областа.
Минуси: ригорозен работен распоред; голема доза стрес; бирократска политика
