Тивок убиец: После ова никогаш повеќе нема да сушите алишта на радијатор!
Во текот на есенските и зимските месеци повеќето од луѓето ги сушат алиштата на радијатори. Иако ова е релативно брзо решение, погрешно е и со себе влече низа здравствени проблеми. Имено, поради сушењето на облеката на радијатори доаѓа до испарување на омекнувачот и детергентот и така се зголемува ризикот од појава на алергени и алергија.
Секогаш покрај радијаторот треба да држите сад со вода за да не ви се суши воздухот. Кога се исуши воздухот, тоа негативно влијае на дишните органи, слузниците стануваат суви и така првилекуваат алергени и предизвикатели на разни инфекции.
Истражувањето на Архитектонскиот факултет во Шкотска покажа поврзаност на неквалитетен воздух, иритација на органите за дишење и сушење на облеката на радијатор. Сушењето на облека во становите ја зголемува стапката на влага за 30 посто и со себе повлекува зголемен ризик од астма и алергии на кои посебно се изложени најмладите.
Симптомите на инфекции се бројни: кашлање, хроничен замор, иритација на очи, грло и кожа, главоболка или гадење.
