Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тим-билдинг на фитнес со стил: Нова димензија на забава!

Тим-билдинг на фитнес со стил: Нова димензија на забава!

Уште еден успешен тим-билдинг во срцето на спортскиот и здрав начин на живот во Скопје. Онаму каде што се среќаваат фитнесот и стилот, во Синерџи, се случи уште едно дружење и заедничко вежбање на една од македонските најуспешни компании, Мајкрософт Македонија, кои одлучија своето попладне да го искористат во прилог на своето здравје, убавина и нега на телото.

tim bilding 1

Во множество од позитивна енергија, вежбање, забава и интеракција се даде една нова димензија на слободното време со колегите од работа. Наместо пиење кафе и секојдневна рутина, во Синерџи беше и повеќе од несекојдневно и интересно. Многуте справи за вежбање, големиот простор, понудата на разновидните активности и услуги беа причина плус зошто ваков тим билдинг ќе се памети и применува почесто.

tim bilding 2

Времето на дружење со колегите на кафе или пијачка полека станува историја. Иднината на тим билдинзите е во здравиот начин на живот, вложување во себе и сопствениот изглед, смеење со пријателите од работно место, како и дожувување на нови искуства кои се необични и пред сè, повеќе од забавни.

tim bilding 3

Освен Мајкрософт, многу наши компании го следат трендот на ваков начин на дружење со своите вработени, давајќи една различна слика за тоа што навистина значи градење на тим и соработка со своите колеги.

Кога работата претставува задоволство, а слободно време е привилегија, тогаш идеалното место за таа синергија е токму Синерџи Фитнес и Спа, каде што здравјето е стил на живеење.

Слично

Поврзани вести