Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Тиквеш“ негира дека е заинтересиран да ја купи хрватската винарница „Планчиќ“

„Тиквеш“ негира дека е заинтересиран да ја купи хрватската винарница „Планчиќ“
Винарската визба „Тиквеш“ ги демантира информациите кои се појавија во регионалните бизнис портали дека оваа македонска компанија е заинтересирана за купување на хрватската винарија „Планчиќ“. „ВВ Тиквеш е запознаена со продажбата на удел во винарницата Планчиќ. До компанијата е стигната прелиминарна информација за покажување интерес. Во оваа фаза, не пројавуваме интерес за купување удел во оваа хрватска винарница“, стои во официјалното соопштение од „Тиквеш“. Порталите за бизнис информации од регионот денеска ја споменаа македонската винарија како еден од најсериозните конкуренти за купување на „Планчиќ“. Како друг можен купувач се споменува Миодраг Костиќ, еден од најбогатите луѓе на Балканот и сопственик на МК Групацијата.
Слично

Поврзани вести